
Македонија е меѓу „избраните“, почестените, земјите кои ќе бидат учеснички на Европското првенство во фудбал. Оваа вест го обиколи светот, го растресе Балканот. Ни завидуваат и во Грција.
Иван Тричковски, репрезентативецот кој го носи дресот на АЕК Ларнака, на најубав можен начин им ја објасни на Грците позитивната промена во нашиот национален тим во последните пет години. Откако Игор Ангеловски го презеде кормилото и Горан Пандев се врати во репрезентацијата.
Оттогаш – Македонија се трансформира во тим со победнички карактер.
„За сите нас пласманот на ЕВРО е позитивен шок. Во минатото не сме можеле ни да помислиме дека ќе се пласираме на Европско првенство. Бевме на петтата или на шестата позиција во квалификациската група. Но, се се промени во последните пет години. Со напорна работа, со доаѓањето на селекторот Игор Ангеловски и со враќањето на капитенот Горан Пандев, Македонија за пет години изгради победнички карактер. Ние заминавме во Тбилиси и силно верувавме дека ќе ја победиме Грузија. И така и се случи, а Горан Пандев го даде победничкиот гол“, изјави Тричковски.
Потоа и се осврна на феноменот, на аурата што со себе ја носи Горан Пандев.
„За него би можел да ви зборувам со денови и уште да останат недораскажани работи. Тој е овде фудбалски бог, тој е легенда, има освоено се во кариерата, а толку многу сакаше и со репрезентацијата да се пласираме на Европското првенство. Рече дека би ги менувал сите трофеи само за да игра со Македонија на ЕП. Излезе на теренот и на свои плеќи го изнесе мечот, постигна победнички гол и ја одведе Македонија на Европското првенство. Им го покажа патот на помладите, им ја влеа сигурноста, сите ги следат неговите чекори. Чест ми е што во негово време го носам дресот на националниот тим“, истакна Тричко.
Респект, братска почит, меѓусебна поддршка….Тоа е Македонија. Тоа ја одведе на Европско првенство.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Втора лига
Полициската истрага се шири и во Башкими?

Евро-фудбал
Јувентус го враќа Виктор Осимен во Серија А

Евро-фудбал
Интер ќе го откупи Залевски од Рома

Евро-фудбал
Роналдо пред разделба со Ал-Наср?

Втора лига
Полициската истрага се шири и во Башкими?
