Connect with us

Тренерот на Феенорд е нов фаворит за клупата на Ливерпул

Тренерот на Феенорд, Арне Слот, е новиот фаворит број еден за тренерската функција во Ливерпул, тврдат медиуми на Островот. „Црвените“ оствариле директен контакт со менаџерот и веќе се планирани идни средби меѓу двете страни каде ќе продолжат разговорите.

Интересно е што Слот досега немал никаков ангажман во странство ниту за време на неговата кариера како фудбалер, ниту како тренер, цело време работи во родната Холандија.


Името на Арне Слот како тренер направи многу врева во последните две години откако успеа да ја скрши хегемонијата на гигантите ПСВ Ајндховен и Ајакс и да ја освои титулата во 2022/23 и Купот на Холандија оваа сезона. Минатата сезона успеаја да стигнат и до финалето на Конференциската лига, каде Феенорд загуби од Рома.

Шефовите на Ливерпул ја продолжуваат потрагата по нов менаџер откако Јирген Клоп објави дека ќе го напушти „Енфилд“ на крајот од сезоната. До овој момент, неколку различни тренери се сметаа за фаворити за оваа работа, но, сепак, ја одбија позицијата.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови