Connect with us

ТРАНСФЕР НА ГОДИНАТА: Елмас е божиќниот подарок за Лајпциг

Германскиот бундеслигаш Лајпциг е новиот клуб на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас. „Дијамантот“, според договорот, ќе му се приклучи на Лајпциг од Наполи на 1. јануари 2024 година.


24-годишниот фудбалер потпиша четири и пол годишен договор до јуни 2028 година и ќе го носи дресот со број „6“.


Играчот од средниот ред ќе патува во тренинг кампот во Ла Магна со остатокот од тимот на 2 јануари 2024 година.

„Со обезбедувањето на потписот на Елиф Елмас, успеавме да пополниме важна позиција во нашиот напад по заминувањето на Емил Форсберг. Го надгледувавме Елиф некое време бидејќи тој е возбудлив фудбалер. Тој изгледа како целосен пакет, ќе биде совршено прилагоден за тимот во однос на личноста и ќе може веднаш да му помогне на тимот со својот квалитет.

„Техничката способност на Ељиф е неверојатна. Пргав е, сака да трча и дрибла и може да постигнува голови. Тој може да игра во средината, но е подеднакво добро и на двете крилни позиции.

Тој ќе донесе нешто поразлично во нашата игра со своите вештини, бидејќи е многу добар да го надмудри својот чувар благодарение на неговото забрзување и физичката подготвеност. Тој секогаш гледа да ја однесе топката напред.

И покрај фактот дека има само 24 години, тој играше во Италија и Турција и има големо меѓународно искуство со репрезентацијата на Македонија. Тој исто така освои два големи трофеи.

Затоа сме многу среќни што го потпишавме. Сега, треба да се погрижиме Елиф брзо да се прилагоди во тимот во текот на краткиот зимски одмор“, изјави спортскиот директор на Лајпциг, Рувен Шредер за официјалниот сајт на клубот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови