
Еуфоријата во Ливерпул брзо се претвори во хаос и страв, откако автомобил се забил во толпа навивачи кои го прославуваа историскиот 20-ти шампионски трофеј на клубот во Премиер лигата. Инцидентот се случи околу 18 часот, во близина на крстосницата меѓу „Дејл стрит“ и „Вотер стрит“, каде илјадници луѓе се собраа за да му оддадат чест на својот тим при шампионската парада.
Според Мерсисајдската полиција, повикот за интервенција бил примени малку по 18 часот.
„Автомобил удрил во група пешаци на ‘Вотер стрит’. Возилото е запрено, а осомничен маж е приведен. Итната помош веднаш пристигна на терен“, се наведува во полициското соопштение.
Car rams into fans during Liverpools trophy parade.
— Paul Manc Bald and Bred (@MufcWonItAll2) May 26, 2025
Rivalry aside hope everyone is okay.pic.twitter.com/NJQeTxNpGq
Властите најавија дека ќе објават повеќе информации кога ќе имаат.
На местото на несреќата е поставен полициски кордон, а целиот сообраќај во областа е прекинат додека трае истрагата и се згрижуваат повредените.
Овој шокантен настан фрли сенка врз големата радост на градот, претворајќи го славјето во момент на тага и загриженост.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Челси е победник на Конференциската лига (ВИДЕО)

Млади репрезентации
Младите фудбалери ремизираа без голови против Косово

Евро-фудбал
Реал Мадрид ќе го врати Нико Паз на Бернабеу“

Евро-фудбал
Гасперини ќе биде нов тренер на Рома?

Евро-фудбал
Арсенал го купува Мартин Зубименди

Интернационалци
Чурлинов се збогува со Јагиелонија
