
Тотенхем е на чекор од донесување одлука за прекин на соработката со менаџерот Анге Постекоглу. Иако официјална потврда сè уште нема, се очекува клубот во наредните денови да објави соопштение.
Постекоглу и претседателот на клубот, Даниел Леви, во моментов се на летен одмор, што е причина за одложување на директните разговори меѓу нив. Клучниот состанок, на кој ќе се реши иднината на австралискиот стратег, е закажан за следната недела.
Во меѓувреме, Тотенхем стапил во контакт со тренерот на Брентфорд, Томас Франк. Данецот веќе имал разговори со клубот за визијата на проектот и можните засилувања во летниот преоден рок.
Иако оваа сезона Тотенхем го освои трофејот во Лига Европа и обезбеди место во групната фаза на Лигата на шампионите, слабите резултати во Премиер – лигата го доведуваат во прашање останувањето на Постекоглу.
Постекоглу дојде во јули 2023 година и досега има 101 натпревар на клупата на Тотенхем, од кои 47 победи, 14 ремија и 40 порази.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Андре Онана е нов голман на Трабзонспор

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември
