Connect with us

Тиквеш ќе ја пречека Шкендија во Прилеп

Новиот прволигаш Тиквеш нема да ја пречека Шкендија во Кавадарци. Поради реновирањето на соблекувалните на стадионот, првиот прволигашки натпревар по повеќе од деценија и пол, фудбалерите на Тиквеш како домаќини ќе мора да го одиграат во Прилеп. Раководството на клубот го одбра стадионот “Гоце Делчев” како мегдан за пречек на актуелниот првак.

Реновирањето на стадионот во Кавадарци трае подолг период и веројатно ќе биде заокружено до третото коло кога Тиквеш на домашен терен ќе го пречека тимот на Академија Пандев.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови