Фудбалскиот клуб Тиквеш го осуди инцидентот што се случи на улиците на Штип кога навивачките групи „Фаланга“ и Лозари“ се судрија во пресрет на дербито против Брегалница. Во соопштението на Тиквеш се вели:
Во врска со денешните немили сцени во Штип каде што затекнавме физички напад помеѓу двете навивачки групи, Градскиот фудбалски клуб Тиквеш 1930 од Кавадарци жали за истите и во иднина ќе се бори за цел спречување на инциденти како денешниот.
Испраќаме силна порака за максимално фер и коректно навивање и во иднина, како единствен начин за спречување на сите немили сцени, како оние денешните, на и околу нашите фудбалски стадиони. Па, заедно со сите наши поддржувачи и навивачи, ГФК Тиквеш да биде вистинскиот пример-двигател за промоцијата на спортот во регионот и во Македонија.
Со Почит
ГФК Тиквеш 1930 Кавадарци
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski