Тијаго Мота ќе биде отпуштен од Јувентус во текот на денешниот ден, тврдат извори од Италија. Тој нема да ја предводи „старата дама“ на претстојниот натпревар против Џенова, како што се очекуваше, туку ќе биде сменет веднаш.
Раководството на клубот веќе го избра неговиот наследник – Игор Тудор.
Претходно се сметаше дека Мота ќе добие уште една шанса да го зачува своето место на дуелот со Џенова, но изгледа дека челниците на Јувентус донеле друга одлука. Исто така, досега фаворит за негов наследник беше Роберто Манчини, но и тука има промена, па сега Тудор е главниот кандидат за клупата на Јуве.
Хрватскиот стратег веќе постигнал договор со Јувентус и ќе потпише краткорочен договор до јуни, со можност за продолжување уште една година.
Поранешниот дефанзивец на Јувентус ќе се врати во клубот, но овојпат како главен тренер. Тој добил предност пред Манчини бидејќи се согласил на пократок договор, додека италијанскиот стратег барал подолгорочна соработка.
Тудор досега ги водеше Хајдук, ПАОК, Карабукспор, Галатасарај, Удинезе, Верона, Марсеј и Лацио, но нема позначајни трофеи во својата тренерска кариера. Во 2020 година беше дел од Јувентус како асистент на Андреа Пирло.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Спартак Москва се раздели со Дејан Станковиќ
Евро-фудбал
Ливерпул го купува Бастони за 100 милиони евра
Евро-фудбал
Роналдо: Ќе се пензионирам за година или две
Млади репрезентации
Трајков: Имаме потенцијал и верувам дека ќе освоиме нови бодови
Евро-фудбал
Конте: Не сакам да водам „мртов тим“
Млади репрезентации
Македонија У21 во Охрид ќе се подготвува за дуелите со Шведска и со Полска
Евро-фудбал
Атлетико Мадрид има нови сопственици













