Голманот Тибо Куртоа предупреди дека навредите упатени кон неговиот соиграч во Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, можат да имаат крајно негативен ефект. Напаѓачот е омилена цел на навивачите на многу стадиони, а синоќа на мечот против Атлетик во Билбао повторно беше критикуван од фановите.
Куртоа даде пример со проблемот на Роналд Араухо од Барселона, кој овие денови доби вонреден одмор од клубот. Каталонците не открија официјално за што станува збор, но белгискиот голман ја потврдува гласината дека дефанзивецот има психички проблеми.
„Тешко е… На крајот на краиштата не сме машини, туку човечки суштества. Потоа се чудиме зошто некој играч е психички лош… Погледнете што се случува со Араухо. На крајот сите сме така“, изјави Куртоа по мечот против баскискиот тим.
„Вини е спокоен човек, но до одредена мера“ – додаде голманот. „Навредите што ги доби на мечот против Челси… Ми се допаѓаат шегите на натпреварите, но не е секогаш потребно да има такви навреди… Треба да има малку почит, затоа што првенствено сме луѓе“, истакна Куртоа.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Македонија У20 подобра од Лихтенштајн: Данев постигна два гола













