
Барселона е во лоша финансиска состојба и не може во зимскиот преоден рок да си дозволи скапи засилувања, а на Роналд Куман дефинитивно му е потребна замена за повредениот напаѓач Ансу Фати. Тој, според најавите, ќе отсуствува дури и до пет месеци од терените, а тоа значи дека Барселона ќе мора да пронајде нов офанзивен фудбалер на пазарот.
Клубот од „Камп Ноу“ се врти кон слободните агенти.Марио Манџукиќ, поранешниот напаѓач на Баерн Минхен и на Јувентус, е една од опциите, но и Александре Пато, бразилскиот интернационалец кој многу млад блесна во Милан, но потоа се изгуби од светската сцена.
Во Барселона размислуваат дури и за Шинџи Кагава, екс-фудбалерот на Борусија Дортмунд, како и за Даниел Стариџ и Џек Вилшер кои во моментот исто така се „невработени“ фудбалери и немаат клуб.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар продолжи со одлични игри и во Струмица совладувајќи ја Брера со 0-2, со...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
„Лудо реми“ на Лион и Манчестер Јунајтед (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Арсенал ќе понуди 30 милиони евра за Арда Гулер

Евро-фудбал
Арсенал подготвува понуда за Виктор Ѓокереш
