Connect with us

Тер Штеген: Срам за фудбалот е да нема гол-технологија на најголемото светско дерби

Голманот на Барселона, Марк-Андре тер Штеген, го опиша недостатокот на технологија за гол-линијата во шпанската Ла Лига како срам за фудбалот. Зборовите на голманот беа поврзани со ситуација на дербито против Реал Мадрид во 28. минута, кога голманот на Реал, Андриј Лунин, по ударот на Ламин Јамал, расчисти од гол – линијата, при што ВАР пресуди дека нема гол, но останаа сомнежите дали одлуката била правилна.


„Ова е срам за фудбалскиот свет. Зошто нема систем на гол-линијата? Има доволно пари во оваа индустрија, но очигледно не и за најважните работи. Тоа е катастрофа“, изјави голманот.

Реал Мадрид го доби натпреварот со 3-2 и има 81 бод на врвот во Ла Лига, а Барселона е второпласирана со 70 бода.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови