Connect with us

Тен Хаг за мечот со Ковентри во ФА купот: Не е срамота, туку голем успех

Манчестер Јунајтед едвај успеа да го елиминира Ковентри, преку пенали, но Ерик тен Хаг смета дека неговиот тим постигнал голем успех со пласманот во финалето на ФА купот.

Јунајтед водеше со 3-0 против Ковентри, но потоа прими три гола во последните 20 минути, па мечот отиде во продолженија и на пенали, во кои избраниците на Тен Хаг се „протнаа“ и го избегнаа вистинскиот хаос.

„Натпреварот не е срам, не го гледам тоа така, туку ова е големо достигнување за нас. Успеавме да стигнеме до второ финале за две години со сите тешкотии што ги имавме, а по овие 3-3 критиките воопшто не ме загрижуваат. Тоа што навистина ме „загрижува“ е што ги имам на располагање сите играчи, што не се случи во текот на овие 18 месеци. Можам да го видам тоа и поинаку, но не можам да ја трошам мојата енергија, морам да бидам реален и да ги ротирам играчите“, изјави Тен Хаг.


Манчестер Јунајтед на 25 мај на „Вембли“ во финалето ќе се сретне со големиот градски ривал Манчестер Сити.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови