Connect with us

Тен Хаг: Титула? Не размислувам за тоа, бидејќи е февруари

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хег не сака да зборува за евентуално освојување на титулата во Премиер – лигата. Неговиот тим е во одлична форма и по победата од 3-0 над Лестер сега е на три бода од второто место и на пет од лидерот Арсенал.


„Титула? Не размислуваме за тоа, само за она што доаѓа утре. На крајот на краиштата е само февруари, да не гледаме толку далеку напред. Треба да бидеме подобра верзија од себе и мора да работиме на тоа“, изјави менаџерот на Манчестер Јунајтед по победата на „Олд Трафорд“.

„Важно е сите наши играчи да бидат во форма, но мора да ги почитуваме и основните принципи на нашата игра. Ако го направиме тоа, треба да изгледаме како во вториот дел. Само благодарение на Давид Де Хеа отидовме на пауза без примен гол. Дефинитивно имавме среќа“, продолжи Тен Хаг.

„На Бруно и Рашфорд им оди одлично. Целиот тим генерално може да го најде Маркус, а додавањата на Фернандеш се одлични. Џејдон Санчо не го знае плафонот на своите можности и има толку многу работи во кои може да стане посилен. Моментно се движи по вистинскиот пат“.

Ерик Тен Хаг сега се фокусира на реваншот против Барселона во Лига Европа.

„Сега имаме важен судир со Барселона. Мора да се бориме, а нашите навивачи да го претворат ‘Олд Трафорд’ во тврдина“, истакна холандскиот стратег.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови