Талентираниот Адмир Љатифи кариерата ќе ја продолжи во хрватскиот прволигаш Осијек.
Осумнаесетгодишниот фудбалер, кој веќе има 41 настап во Првата македонска фудбалска лига со дресовите на Беса и Македонија Ѓорче Петров, замина на својот прв интернационален предизвик. Игра на крилните позиции, но може да настапува и зад напаѓачите. Фудбалскиот пат го започна во школата на Њу Старс, а во редовите на „лавовите“ се пресели во 2022 година.
По распадот на Беса, Љатифи пронајде нов ангажман, и тоа во Хрватска. Сега останува да се види дали Осијек ќе му даде шанса веднаш во првиот тим или ќе го вклучи во младинскиот состав за да стекнува дополнително искуство.
Адмир Љатифи е младински репрезентативец на Македонија и моментално е дел од селекцијата до 19 години.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Немања Гудељ на зима се сели во Серија А?













