Connect with us

Суад Сахити потпиша за Шкупи

Шкупи се подготвува за настапите во Конференциската лига на УЕФА, а се засили со уште еден нов фудбалер. Тоа е Суад Сахити, кој во минатото го носеше дресот на Работнички во Македонија.


„Се чувствувам среќен што сум дел од Шкупи, знам дека имаат жестоки навивачи и во последните години тоа е многу добро организиран клуб на високо ниво, верувам дека со тимот што го имаме на крајот од првенството сите ќе бидеме среќни и ќе ја прославиме шампионската титула“, изјави Сахити по промоцијата.

Сахити потпиша едногодишен договор, со опција за продолжување за уште една сезона.

Суад Сахити кариерата ја започна во клубот Хајвалија, потоа дојде во Работнички, играше во Секендербег во Албанија, за Лариса во Грција, Септември Софија во Бугарија, Висла Плоцк во Полска, Зрињски Мостар (БиХ) и во Шибеник во Хрватска. Минатата сезона беше дел од косовскиот тим Лапи.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови