Connect with us

Сциенца со гол во 95.минута го спаси Хајденхајм и му обезбеди опстанок во Бундес-лигата (ВИДЕО)

Хајденхајм ќе продолжи да игра во Бундеслигата и следната сезона, откако драматично го задржа елитниот статус со победа над Елверсберг во баражот. Херојот на вечерта беше Лео Сциенца, кој во 95-та минута го постигна победничкиот гол за конечни 1-2, кога сите веќе се подготвуваа за продолженија.

Претходно, Хајденхајм стигна до водство уште во деветтата минута преку Матијас Хонсак, но Елверсберг возврати преку Робин Фелхауер, кој израмни во 31. минута. Бидејќи првиот натпревар заврши 2-2, вториот меч се движеше кон дополнителни 30 минути, но Сциенца со „златен гол“ донесе големо славје за гостите.

Со оваа победа, Хајденхајм ќе остане дел од германската елита, додека Елверсберг останува без промоција.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови