
Првото засилување на Струга Трим Лум за новата сезона е италијанскиот голман Марко Анџелети. Прволигашот од Струга денес официјално потпиша професионален договор со 24-годишниот голман од Италија, Марко Анџелети, кој треба да донесе конкуренција на голманската позиција, но и ново освежување со своето искуство стекнато во Италија, како и неодамна во Гибралтар.
Анџелети својата кариера ја започнал во младинските категории на Специја, а како 19-годишник дебитирал и за сениорскиот тим на Понтедера. Потоа настапувал за неколку други клубови од пониските лиги во Италија, пред летото 2023 година да се пресели во ФК Европа од Гибралтар.

Во потрага по нов предизвик во кариерата, Анџелети не сакаше да се врати во Италија, туку ја прифати понудата од Струга Трим Лум.
„Можам да кажам дека ангажиравме голман со перспектива, голман за иднината. Со оглед на тоа дека Италија секогаш произведува квалитетни голмани, ние одлучивме да му дадеме шанса токму на Анџелети. Верувам дека ќе биде првиот италијански голман кој ќе настапува во Првата лига. Се надеваме дека брзо ќе се адаптира, бидејќи веќе денес почнува со подготовки со тимот за новата сезона“, изјави спортскиот директор Бесарт Исаку.
Договорот на Анџелети стапува на сила веднаш, ќе важи до крајот на јуни 2027 година, со можност за продолжување на уште една сезона.
Ова ќе биде втората интернационална авантура за Анџелети, по таа во Гибралтар.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal