
Ал-Етифак потпиша договори со францускиот напаѓач Муса Дембеле и со шкотскиот дефанзивец Џек Хендри. Двајцата и официјално се приклучија на тимот од Саудиска Арабија, предводен од легендата на Ливерпул, Стивен Џерард. Првиот тренинг го имаше и Џордан Хендерсон, досегашниот капитен на Ливерпул, кој исто така ќе го засили Ал-Етифак. Неговиот договор треба да се официјализира наредните денови.
Дембеле беше слободен играч откако му истече договорот со Лион. Тој се обврза на верност кон Ал-Етифак до летото 2027 година. Минатата сезона искусниот напаѓач забележа 28 настапи за Лион во сите натпреварувања и постигна три гола.
28-годишниот Хендри пристигнува од белгискиот клуб Клуб Бриж, за кого минатата сезона одигра само девет натпревари. Тој исто така имаше неуспешен период на позајмица во Кремонезе.
Шкотланѓанецот ги помина медицинските прегледи и потпиша со Ал-Етифак за 6,5 милиони фунти.
Утре пријателски натпревар во Словенија ќе одиграат Ал-Етифак и македонскиот прволигаш Работнички.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Мектоминеј и Де Бруин донесоа триумф за Наполи

Евро-фудбал
Арсенал го промовираше Еберечи Езе

Евро-фудбал
Чаби Алонсо: Немам проблеми со Родриго

Евро-фудбал
Нов минималец, но и нов триумф на ПСЖ (ВИДЕО)
