Connect with us

„Старата дама“ го врати Моисе Кин

Италијанскиот клуб Јувентус го засили нападот со Моисе Кин од Евертон. Тој се враќа во клубот каде ги мина првите фудбалски чекори, а доаѓа како позајмен играч со право на откуп на договорот, кој може да стане и задолжителен доколку бидат исполнети одредени клаузули.

Кин дојде во Јувентус во 2011 година од младинските категории на градскиот ривал Торино и во дресот на „старата дама“ дебитираше во Серија А. Тој за сума од 30 милиони евра од Јувентус прејде во Евертон, а последната сезона ја одигра на позајмица во Пари Сен Жермен.

Во дресот на „светците“ минатата сезона постигна 17 гола.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови