
Фудбалерот од средниот ред Стефан Спировски, голгетерски расположен но и максимално психолошки подготвен по одличните партии во дресот на кипарски АЕК Ларнака, се приклучи на првиот репрезентативен собир по пауза од девет месеци. Сето тоа на стартот од новата сезона во Лигата на нации и пресметките со Ерменија и со Грузија.
Спировски, како и поголемиот дел македонски репрезентативци, е свесен дека Македонија по минатите одлични изданија во Лигата на нации сега ја носи фаворитската улога. Но, сето тоа ќе мора да се покаже и на зелениот терен.
„Добро е што конечно сме на собир. Сите кои сме повикани ќе мора да го дадеме максимумот ако сакаме позитивни резултати против Ерманија во Скопје и против Грузија во Тбилиси. Во ред, фаворити сме против Ерменија но сето тоа ќе мора да го потврдиме на терен“ – вели Спировски.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија до 19 години вторпат ја победи Босна и Херцеговина
