Connect with us

Спартак Москва се раздели со Дејан Станковиќ

Српскиот тренер Дејан Станковиќ заминува од клупата на Спартак Москва, откако клубот и стратегот постигнаа спогодбен раскин на соработката. Со тоа завршува неговиот речиси осумнаесетмесечен мандат во руската престолнина, каде што го водеше тимот со променливи резултати.

Во моментов, Спартак се наоѓа на шестата позиција во руската Премиер лига со 25 бодови — осум помалку од лидерот Краснодар. Веднаш по неговото заминување, руските медиуми започнаа со шпекулации за тоа кој би можел да го наследи Станковиќ.

Како можни кандидати се споменуваат Чави, Ерик тен Хаг, Бруно Лаж, поранешниот тренер на Ренџерс, Филип Клемен, како и актуелниот тренер на Целје, Алберт Риера, кој во исто време е и една од главните желби на Црвена Звезда.

До назначувањето на нов тренер, екипата ќе ја предводи помошникот Вадим Романов.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови