Селекторот на Италија, Лучијано Спалети, е уверен дека неговиот тим сè уште не ги загубил шансите за пласман во полуфиналето на Лигата на нациите. Според него, доколку Италија покаже ист пристап како во првиот натпревар против Германија, има сосема реална можност да замине како победник од гостувањето во Дортмунд.
„Сквадра Аѕура“ го загуби првиот меч во Милано со 1-2, иако доминираше во поголем дел од натпреварот.
„Постојат порази што треба брзо да се заборават, а ова е еден од нив. Во првиот натпревар го прифативме предизвикот да играме офанзивно и да се соочиме еден на еден со фудбалери кои имаат физичка предност. Го направивме тоа со добро изнесување на топката од одбраната и создадовме многу шанси за гол. Во одредени моменти страдавме, но не му дозволивме на противникот премногу можности, освен двата гола кои дојдоа по моменти на невнимание. Направивме сè што беше потребно за да победиме, но не успеавме“, изјави Спалети.
Тој потврди дека за реваншот планира да направи четири промени во составот.
„Ќе се обидеме да влеземе во натпреварот на ист начин од самиот почеток. Убеден сум дека ако покажеме ист став, резултатот ќе биде поинаков. Имаме можност да внесеме повеќе креативност во играта со вклучување на неколку нови фудбалери кои можат да ни помогнат со својата индивидуална класа“, додаде селекторот на Италија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Спартак Москва се раздели со Дејан Станковиќ
Евро-фудбал
Ливерпул го купува Бастони за 100 милиони евра
Евро-фудбал
Роналдо: Ќе се пензионирам за година или две
Млади репрезентации
Трајков: Имаме потенцијал и верувам дека ќе освоиме нови бодови
Евро-фудбал
Конте: Не сакам да водам „мртов тим“
Млади репрезентации
Македонија У21 во Охрид ќе се подготвува за дуелите со Шведска и со Полска
Евро-фудбал
Атлетико Мадрид има нови сопственици













