Наполи продолжи со импресивни игри оваа сезона во Серија А откако синоќа го победи Кремонезе на стадионот „Диего Армандо Марадона“ со 3-0. Третиот гол беше дело на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, кој сега има шест гола оваа сезона и трет стрелец на тимот, зад Виктор Осимен и Квича Кварацкелија.
Тренерот Лучијано Спалети имаше само пофални зборови за своите фудбалери, а секако и за Елиф Елмас.
„Многупати имам потенцирано дека Елиф е одличен и дека секогаш заслужува да игра. Тој навистина на секој натпревар ми покажува дека заслужува да игра и понекогаш многу жалам што не сум го ставил од почеток. Елмас е толку среќен кога е на теренот и го дава максимумот“, изјави Спалети.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski