Connect with us

Спалети: Бевме подобри, но и наивни за разлика од Милан

Наполи испишува историја оваа сезона, се наоѓа на чекор до освојување на „скудетото“, а за првпат во клупската историја играше и во четвртфиналето на Лигата на шампионите. Сепак, останува горчината дека Елиф Елмас и другарите се елиминирани од Милан, иако можеби беа и подобар ривал севкупно во двата меча.


Меѓутоа, „росонерите“ ги искористија своите шанси за разлика од Наполи.

Тренерот на Наполи, Лучијано Спалети, истакна дека неговиот тим го платил данокот на неискуство од вакви европски натпревари.

„Честитки за Милан за пласманот во полуфиналето, но јас сакам да им честитам и на моите фудбалери за сѐ што одиграа во оваа сезона во ЛШ. Можам да кажам дека беше извонредна. На овој двомеч со Милан пресуди неискуството. Доминиравме на двата меча, но не бевме во елемент во противничкиот шеснаесетник. Исто така, покажавме и наивност во одредени моменти“, изјави Спалети.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови