Connect with us

Сопругата побарала развод од Ашраф Хакими по обвинението за силување

Ѕвездата на Пари Сен Жермен, Ашраф Хакими, се соочува со огромни проблеми откако е осомничен за силување на 24-годишна девојка во домот во Париз. По ова, неговата сопруга,шпанската актерка Хиба Абук побарала развод.


Како што открива „Марка“, Хакими почнал да се допишува со наводната жртва преку социјалните мрежи на 16 јануари, по што ја поканил во својот дом на 25 февруари, во момент кога сопругата Хиба и нивните две деца биле на одмор.

Адвокатот на Хакими целосно ги отфрли обвинувањата и посочи дека Хакими е достапен за француските власти, а тој засега останува и во првиот тим на Пари Сен Жермен.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови