Connect with us

Солскјер одбил да биде селектор на Иран на СП во Катар

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјаер, ја одби понудата да стане селектор на Иран и да ја предводи оваа селекција на Светското првенство во Катар. Норвежанецот е без работа осум месеци, откако доби отказ од 20-кратниот шампион на Англија.


Иранската фудбалска федерација вчера го ослободи селекторот Драган Скочиќ по едвај четири месеци работа со националниот тим.

Иран, кој има највисок коефициент на ранг-листата на ФИФА меѓу азиските селекции, се во групата „Б“ на Светското првенство. Ривали на Иранците ќе бидат Англија, Велс и САД.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови