
Дресовите со кои фудбалската репрезентација на Украина треба да игра на Европското првенство кренаа вистинска револуција во Русија. Оценети се како крајно провокативни поради мапата која е исцртана на нив, а „присвоен“ е и Крим.
На позадината на дресот стои натпис „Слава на Украина“. Тој слоган се користеше во демонстрациите против прорускиот претседател Јанукович во 2014 година.
Во Русија ова е сфатено како сериозна политичка провокација, а теагираше Министерството за надворешни работи. Претседателот на Фудбалската федерација на Украина, Андриј Павелко вели дека слоганот „Слава на Украина“ е мотивација за фудбалерите да дадат се од себе.
„Дресот на Украина за ЕВРО 2020 е одобрен од УЕФА, тој е соодветен на правилата“, велат од УЕФА.
Украина е вториот противник на Македонија на Европското првенство, дуелот ќе се одигра на 17. јуни.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Германецот Дени Рол е нов менаџер на Ренџерс

Интернационалци
Шишковски и Цветаноски во тимот на колото во БиХ (Фото)

Евро-фудбал
Ендрик во јануари го напушта Реал Мадрид

Евро-фудбал
Киву: Момците заслужуваат максимални пофалби

Евро-фудбал
Тудор е пред отказ во Јувентус?

Евро-фудбал
Астон Вила го тресна Тотенхем во Лондон (ВИДЕО)
