Connect with us

Скалони: Ако го сакаш фудбалот, тогаш мора да го сакаш Модриќ

Аргентинскиот селектор Лионел Скалони на прес-конференција го најави дуелот против Хрватска. Тој посвети посебни зборови за хрватскиот капитен Лука Модриќ.


„Задоволство е да се гледа Модриќ. Тој е идол за многу луѓе. Не само поради неговиот талент туку и поради начинот на кој се однесува. Го сакам Левандовски, го сакам Модриќ. Ако сакаш фудбал, тогаш мора да сакаш такви играчи“, изјави селекторот на Аргентина.


Хрватска и Аргентина утре од 20 часот ќе играат во полуфиналето на Светското првенство во Катар.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови