Манчестер Сити сериозно влезе во трката за Деклан Рајс. Како што пренесуваат англиските медиуми, „граѓаните“ испратиле понуда од 100 милиони фунти и се чини дека Вест Хем за таа сума ќе се откаже од капитенот.
Сити е решен да го доведе англискиот репрезентативец откако Гундоган реши да се пресели во Барселона.
Ниту Арсенал нема да седи со скрстени раце, се вели дека Рајс повеќе би сакал да премине во редовите на „топчиите“, иако повеќе би заработувал во Сити. Она што може да го натера да се премисли е разговорот со Пеп Гвардиола и ветувањето за голема минутажа.
Пеп веќе го донесе Матео Ковачиќ од Челси, а Рајс би бил уште еден нов играч во средниот ред.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski