Полскиот интернационалец Роберт Левандовски нема веќе мотиви да остане на „Алијанц арена“ и да игра во дресот на Баерн Минхен. Тоа јасно го кажа и пред да почнат подготовките на баварскиот гигант, а сега иако учествува на тренинзите, сепак, забележливо е дека нема волја не се залага доволно.
„Говорот на неговото тело покажува дека сака да си замине. Прво задоцни на собирот, а потоа се појави последен на тренингот. Последен почна и си вежбите. Ги одработи, но беше отсутен. Тој едвај разговараше со соиграчите. Единствениот со кој разговараше беше Леон Горецка. Тој немаше контакт со тренерот Јулијан Нагелсман. Тие не разговараа. Кога Нагелсман одржа говор, Левандовски изгледаше незаинтересирано. Застана настрана и гледаше наоколу. На првиот меѓусебен натпревар беше во првиот тим, но не сакаше да трча по топката и не постигнуваше голови. Неговиот тим загуби и мораа да прават склекови. Правеа сите, освен Роберт Левандовски”, пишува „Билд“ во денешното издание.
Левандовски експресно го напуштил тренинг центарот само 22 минути по завршување на тренингот, пред сите негови соиграчи.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија
Евро-фудбал
Жоао Кансело сака да се врати во Европа













