Connect with us

Симов: Овие момци испишаа историја за Силекс, жалам што Ѕинго нема да го прегрне пехарот

Силекс по повеќе од две децении го врати пехарот од Купот на Македонија во Кратово. Дојде крај на исчекувањето од 24 години, а момците предводени од Горан Симов по исцрпувачка битка на крајот успеаја да го совладаат тимот на Академија Пандев по изведување пенали (4-3) откако по 120 минути немаше гол во финалето.


Тренерот Горан Симов упатува честитки за фудбалерите и вели дека му е жал што Љубисав Иванов – Ѕинго не доживеа повторно да го прегрне пехарот.

„Оваа победа е божја волја. Победивме на пенали, но мислам дека е сосема заслужено. Момците испишаа историја за ФК Силекс. Лани играа квалификации за ЛШ, а оваа година пехарот го вратија дома. На сите ни е огромна жал што Љубислав Иванов – Ѕинго нема да го прегрне овој пехар. Сега се радуваме, го живееме сонот, но не смееме многу да сонуваме, затоа што во вторник следи баражот за опстанок во Првата лига. Ова е една неверојатно тешка сезона, честитки и до Академија Пандев, финалето беше исцрпувачко“, изјави Горан Симов.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови