Connect with us

Симоне Инзаги го престигна Мурињо по бројот на трофеи со Интер

Симоне Инзаги влезе во топ 3 на најодликуваните тренери на Интер. Синоќа, „нероаѕурите“ ја освоија титулата во Серија А по 20. пат во својата историја по успехот од 2-1 над градскиот ривал Милан.


Ова е шести трофеј за Инзаги на чело на Интер. Претходно, двапати го освои Купот на Италија и трипати Суперкупот.

На овој начин поранешниот напаѓач го престигна Жозе Мурињо по бројот на трофеи на чело на „сино-црните“.

„Специјалниот“ има пет пехари со гигантот од Милано, а повеќе од Симоне Инзаги имаат само Хеленио Херера и Роберто Манчини – по 7.

За Симоне Инзаги ова е прва шампионска титула како тренер. Покрај трофеите со Интер, тој може да се пофали и со еден Куп на Италија и два Суперкупа на чело на Лацио.

Со „бјанкочелестите“ Инзаги освои титула и како фудбалер во сезоната 1999/2000.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови