Connect with us

Силекс го доведе и Каланоски, сега направи подобар тим од минатата сезона

Силекс е второлигаш, но оформи навистина квалитетен тим кој предводен од Горазд Михајлов ќе треба експресно да се врати во елитата низ Втората лига Запад. Антонио Каланоски е најновото засилување за кратовскиот тим, кој ова лето се засили и со Дарко Алексовски, Мартин Димоски и Бојан Рајков, Сашо Дуков, Роберт Митев, Ѓорѓи Танушев, Бурхан Алији, Лазар Пеев, Антонио Митрев и Стојан Стојчевски.

Силекс ќе излезе на европска сцена како победник на Купот на Македонија. Во првото квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА, тимот на Силекс ќе се сретне со молдавскиот Петрокуб. Првиот меч ќе се одигра на 8.јули на комплексот на ФФМ, а реваншот е седум дена подоцна во Молдавија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови