Connect with us

Штутгарт го отпушти тренерот

Раководството на Штутгарт го отпушти тренерот Пелегрино Матарацо, соопшти германскиот клуб.
44-годишниот стратегот е ослободен од должноста по вчерашниот пораз со 1-0 на домашен терен од лидерот во Бундес – лигата, Унион Берлин. Штутгарт е единствениот тим без победа во лигата досега и го зазема претпоследното место во поредокот.


Раководството на тимот денеска се состана на итен состанок и ја донесе оваа одлука.

Претседателот Александер Верле, спортскиот директор Свен Мислинтат и новиот советник на клубот, поранешниот играч од средниот ред на Штутгарт и репрезентацијата на Германија, Сами Кедира, беа меѓу официјалните претставници на собирот.

Матарацо го презеде Штутгарт во јануари 2020 година и во истата сезона го врати во елитата. Тимот минатата сезона заврши на 15. место.

Штутгарт во следното коло е домаќин на Бохум.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови