Заслужена победа, но требаше многу порано да го решиме натпреварот врз основа на шансите што ги создадовме пред противничкиот гол. Ова го вели тренерот Шпетим Дуро, во анализата на минималниот триумф (0-1) против Македонија ЃП.
Актуелниот шампион има три бода предност во однос на второпласираниот Шкупи на пет кола до крајот на првенството.
„Заслужена победа, но требаше побрзо да го решиме натпреварот, по сите тие создадени шанси што ги имавме. Верувам дека ова беше наша недела и дефинитивно сум задоволен од играта на тимот, но и од резултатот, бидејќи на крајот важно беше што ги освоивме трите бода“, изјави Шпетим Дуро, по минималните победа над Македонија ЃП во Скопје.
Стратегот на Струга ТЛ вели дека сега претстои финишот на сезоната во кој неговиот тим мора да биде максимално посветен и успешен за да ја одбрани титулата.
„Тоа се последните пет кола и ни треба максимална посветеност за секој противник. Ќе ги подготвуваме натпреварите еден по еден, бидејќи во денешниот фудбал нема лесни противници. Тоа најдобро го докажаа двата претходни натпревари против Вардар и Брегалница, па среќен сум што тие два резултати не се одразија негативно на тимот, кој на најдобар можен начин одговори против Македонија ЃП. Ако играме со такво темпо до крајот на првенството, диктирајќи го темпото и создавајќи шанси, верувам дека можеме да го повториме ланскиот успех“, заврши Шпетим Дуро.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski