Connect with us

Шкупи оди понатаму: Реми против Лапи во Приштина (ВИДЕО)

Македонскиот вицепрвак Шкупи ја одбрани честа на нашиот фудбал и е единствен кој успеа да го мине првото квалификациско коло во Конференциската лига на УЕФА. Тимот од Чаир го елиминира косовскиот тим Лапи откако ремизираше (1-1) вечерва на стадионот „Фадиљ Вокри“ во Приштина. Пресуден беше триумфот од 2-0 на првиот меч на арената „Тодор Проески“ во Скопје.

Тимот на Гоце Седлоски бепе рамноправен, на моменти и подобар противник на вечерашната пресметка во Приштина. Лапи во 75.минута остана со играч помалку по исклучувањето на Бењамин Емини, а тоа го искористи Али Адем само три минути подоцна постигнувајќи водечки погодок по асистенцијата на Марко Ѓорѓиевски.

Лапи сепак успеа да израмни со голот на Дрилон Фазлиу во 84.минута. Но, Шкупи е тимот кој патува во следната рунда од Конференциската лига на УЕФА. Таму противник ќе биде португалскиот тим Санта Клара.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови