Македонскиот претставник Шкупи е единствениот од трите тима кои денеска ќе гостува во воведниот меч од квалификациите во Конференциската лига. Тимот од Чаир замина до Литванија каде од 19 часот во Каунас ќе се сретне со составот на Хегелман.
Нема да бидат комплетни, поради познатите проблеми со влезната виза за Валид Хамиди, но, сепак, тренерот Џихад Арслан и фудбалерите очекуваат позитивен резултат од ова гостување.
„Ни претстои тежок натпревар, Хегелман е квалитетен тим кој сака да се докаже на европка сцена. Ние имавме кадровски проблем, Валид Хамиди не можеше да дојде со нас бидејќи не му дадоа виза. Сепак, верувам дека сите што ќе истрчаат на вечерашниот дуел ќе го дадат максимумот и дека ќе успееме да обезбедиме позитивен резултат“, изјави Арслан.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski