Македонскиот прволигаш Шкупи се засили кадровски и со нов спортски директор. Оваа функција во иднина ќе ја извршува Дамир Ибриќ, кој доаѓа од турскиот тим Малатијаспор.
„Среќен сум што доаѓам во клуб со традиција, клуб со шампионски титули и купови, како и многу добра организација, тим кој секоја година има за цел да биде претендент за титулата и учество во европските натпреварувања. Ќе работиме за да постигнеме уште поголеми успеси, да влезете во групите од некое европско натпреварување и да бележиме уште поголеми успеси“, изјави Дамир Ибриќ.
Активната фудбалска кариера Дамир Ибриќ ја заврши во 2017 година, по што продолжува да работи како помошен тренер четири години и уште две години како спортски директор во турскиот тим Малатијаспор.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski