Connect with us

Шкупи едвај извлече глава на Гибралтар: Загуби со 2-0 од Линколн, но ќе игра против Динамо Загреб (ВИДЕО)

Македонскиот првак Шкупи загуби од Линколн Ред Импс со 2-0 на Гибралтар, но ќе игра во следната квалификациска рунда од ЛШ против Динамо Загреб благодарејќи на трите гола преднност што ги обезбеди во Скопје. Тимот на Гоце Седлоски воопшто не се снајде на малиот терен со вештачка трева на стадионот „Викторија“ на Гибралтар, а домаќинот тоа го искористи за да стигне до триумф.


Пења во 32.минута го доведе Линколн во 32.минута откако од непосредна близина шутираше силно кон голот на Кристијан Наумовски. Голманот на Шкупи претходно ја одби топката во петерецот, но одбраната не реагираше најдобро, а најснаодлив беше токму Пења.

Во 69.минута Кашиаро постигна втор гол за Линколн и Шкупи до крајот на мечот стравуваше за пласманот во следната рунда од ЛШ. Сепак, избраниците на Седлоски со голема борбеност го сочуваа овој резултат и се протнаа за двомеч против хрватскиот шампион Динамо Загреб.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови