
Сите клубови од Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) пријавиле стадиони кои ги исполнуваат стандардите за користење на ВАР-системот – со еден исклучок: стадионот „Чаир“ каде што настапува ФК Шкупи.
Како што информираат од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), на „Чаир“ сè уште не постојат основните предуслови за имплементација на ВАР – односно, нема поставени платформи за камерите, ниту техничка соба неопходна за функционирање на системот. Дополнителен проблем претставува тоа што клубот не соработува со ФФМ околу ова прашање.
ВАР-собата, од каде ќе се следат и анализираат одлуките на сите судии во ПМФЛ, се наоѓа во просториите на „куќата на фудбалот“, седиштето на ФФМ.
Претседателот на Федерацијата, Масар Омерагиќ, беше дециден:
„Доколку Шкупи не најде начин да ја комплетира инфраструктурата и да овозможи примена на ВАР на стадионот „Чаир“, клубот ќе мора да најде алтернативен терен кој ги исполнува сите потребни услови.“

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум граби напред, Башкими успеа да го сопре Вардар, а Шкендија ја...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Христијан Малески (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум е во фантастична низа од седум победи во осум натпревари и...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У-18 ремизираше (2-2) со Словачка

Евро-фудбал
Левандовски следното лето доаѓа во Милан?

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
