
Македонскиот првак со убедлива победа (5-1) против Шкупи ја стартуваше новата сезона во Првата фудбалска лига. Во пауза меѓу двата меча против Карабај во квалификациите за ЛШ, Шкендија рутински го одработи дуелот против Шкупи, кој пристигна во Тетово речиси со младински состав. Гостите го стартуваа мечот со дури седуммина младинци.
Првиот гол во новата сезона го постигна Флорент Рамадани, кој во осмата минута со силен удар од 25 метри го совлада голманот на Шкупи, Максимилијан Гроте.

Шкупи изненадувачки израмни преку Малик Хајвали во 14. минута. Тој се избори за топка на десната страна во шеснаесетникот, шутираше од вртење и успеа да го совлада Бабукар Геје.
Непосредно по израмнувањето, Шкупи остана со играч помалку откако во 17.минута Ендрит Рустеми доби втор картон и беше исклучен.
По ова, Шкендија брзо го врати водството. Арбин Зејнулаи погоди во 21.минута, по проигрувањето од левата страна.
Во вториот дел, тотална доминација на Шкендија. Тренерот Јетон Беќири по еден час игра им даде шанса и на дел од првотимците, кои не беа стартери на овој меч. Капитенот Бесарт Ибраими брзо откако доби шанса на теренот, успеа и да постигне два гола.
Во 70.минута погоди за 3-1, а шест минути подоцна уште еднаш се запиша во листата на стрелците и го најави убедливиот пораз на Шкупи.
Серијата голови ја затвори Лиридон Љатифи во 83.минута, поставувајќи го конечниот резултат, 5-1 за Шкендија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Подемот на Вардар доби и европски печат
Вардар е моќен. Паролата не е само за на автобус, многу поважно е што...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Реал без Камавинга на стартот од сезоната
