
Шкендија вечерва ќе одигра еден од најважните натпревари во својата историја, во 20 часот на Националната Арена „Тодор Проески“ во Скопје ќе го пречека Карабах, шампионот на Азербнејџан, во првиот дуел од третото квалификациско коло во Лигата на шампионите.
По двете победи против романскиот гигант ФЦСБ, сега сите од Шкендија очекуваат и ново чудо. Зошто убавото европско лето со веќе испишан историски резултат да не се претвори и во вистинска бајка од Лигата на шампионите.
Тренерот Јетон Беќири истакна дека противникот е силен, но исто верува и во квалитетот на својот тим.
„Карабах е одличен тим, со 11 титули во последните 12 години и тренер што е таму речиси 17 години. Тоа доволно кажува за стабилноста и сериозноста на клубот. Но, и ние имаме свои цели, го почитуваме Карабах, но исто така веруваме и во своите квалитети. Ќе мора да одиме и над своите лимити доколку сакаме да направиме нов голем успех. Секако, двомечот ќе се решава во Азербејџан, но првиот натпревар ќе биде клучен за нашите шанси“, истакна Беќири.
Оптимизам владее и кај капитенот Бесарт Ибраими, кој верува во нов подвиг.
„Ќе дадеме сè од себе, како што беше и против ТНС и ФЦСБ. Веруваме во нашите можности. Притисокот сега е помал, го имавме на стартот со ТНС. Карабах е фаворит на хартија, но фудбалот затоа е убав и интересен, сме виделе изненадувања, зошто да не приредиме уште едно и да го елиминираме и Карабах“, посочува Ибраими.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Подемот на Вардар доби и европски печат
Вардар е моќен. Паролата не е само за на автобус, многу поважно е што...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Ал-Хилал се договори со Ливерпул за Дарвин Нуњез

Евро-фудбал
Родриго е сѐ поблиску до разделба со Реал Мадрид

Прва лига
МВР, со „Илирида“, што правиме? (ВИДЕО)

Интернационалци
Игор Ангеловски ќе биде тренер на Приштина?

Прва лига
МВР, со „Илирида“, што правиме? (ВИДЕО)
