Connect with us

Шкендија првпат загуби ова лето во Европа, но еден гол “минус” може да се надомести и во Баку

Македонскиот првак Шкендија загуби со 0-1 против Карабах во првиот меч од третото квалификациско коло од Лигата на шампионите.

Пред 20.000 гледачи на Националната Арена Тодор Проески, на која беа присутни и “Балистите” кои иницираа и скандирања за Илирида, Шкендија не успеа да повтори игра како против ФЦСБ.

Еден невнимателен старт на работ на шеснаесетникот на Вебстер, по прегледување на ВАР снимката, донесе пенал за гостите.

Стрелец на голот за Карабах од пенал беше Торал Бајрамов во 18.минута.

По водството, Карабах имаше уште две одлични шанси, но Бабукар Геје еднаш добро интервенираше, а вториот пат шутот кон неговиот гол беше непрецизен.

Шкендија исто така имаше две убави можности во првиот дел, преку капитенот Бесарт Ибраими. Во првиот обид беше за малку непрецизен, а во вториот гостинскиот голман Матеуш Кохалски успеа да одбрани.

Второто полувреме наликуваше на првото, со таа разлика што ниту еден од двата тима не направи кардинална грешка.

Бесарт Ибраими се обиде од слободен удар, но неговиот усар беше непрецизен, а на спротивната страна повторно спаси Геје со одлична интервенција.

Во 86.минута, уште еден шут на Бесарт Ибраими, но Кохалски беше на вистинското место.

Се истакна и Бабукар Геје откако Нариман Акунѕаде излезе сам пред неговиот гол. Чуварот на мрежата на Шкендија не дозволи поубедлив пораз за својот тим.

Шкендија патува во Азербејџан со негатива од еден гол, но секако дека тоа може да го надомести со подобра игра во реваншот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови