Македонскиот прволигаш Шкендија објави соопштение со кое го изразува незадоволството од судењето на последниот натпревар против Гостивар (2-2), но и од промената на распоредот на мечот од следното 21.коло против Вардар (ќе се игра в сабота).
„Сакаме да ја информираме јавноста за нашиот став во врска со последниот натпревар од 20. коло против Гостивар.
Како клуб посветен на правдата и интегритетот на фудбалските терени, ние, ФК Шкендија, почувствувавме обврска да го изразиме своето незадоволство од делењето на правдата на овој натпревар, како и од промената на распоредот на натпреварот од 21. коло меѓу Шкендија и Вардар.
Во оваа прилика испративме официјална претставка до надлежните органи на Фудбалската федерација на Македонија, во која ја изразуваме нашата загриженост за погрешно справување со некои ситуации.
Ние како ФК Шкендија продолжуваме да веруваме во транспарентност и објективност во процесот на делење на правдата и веруваме дека оваа реакција ќе биде третирана сериозно од страна на Федерацијата.
Ова јавно соопштение е објавено за да се разјасни мислењето дека клубот реагираше сега, како и секогаш, на различни официјални канали или со соопштенија за јавноста.
Значи, одговорот се испраќа до соодветните надлежни органи, без да сакаме во јавното мислење да се протолкува како да бараме алиби за секоја ситуација“, се вели во соопштението на Шкендија.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski