
Шкендија, Академија Пандев, Брегалница и Струга Трим Лум ќе играат во полуфиналето од Купот на Македонија.
Шкендија обезбеди полуфинал благодарение само на гол повеќе на гости, откако ремизираше (2-2) на гостувањето против Работнички, доволно за место меѓу четирите најдобри во најмасовното домашно клупско натпреварување по првото реми (1-1) во Тетово.
Шкендија на „Тодор Проевски“ дојде до водство од 0-1 со голот на Валмир Нафиу во 38. минута. Работнички израмни во 72. минута со голот од пенал на Стефан Јевтоски. Второ водство за тетовци донесе Бесарт Ибраими со прекрасен гол во 75. минута, но Работнички израмни во 84. минута за конечни 2-2.
Брегалница на убедлив начин си обезбеди пласман во полуфиналето откако на реваншот во Струга славеше со 1-4 против Лабуништа.
Штипјани уште во првото полувреме си ја завршија задачата со водство од 0-3, со головите на Мартин Стојанов од пенал во 23. минута и во 37. минута. Дарко Додев го запиша својот прв гол во синиот дрес стрелајќи на асистенција на Ристе Наумов за 0-3. Домашните во 52. минута преку Сунај Хасан успеаја единствено да постигнат почесен гол, а Брегалница на 1-4 заокружи со голот на Стојчевски во 87. минута.
Академија Пандев продолжува со одбраната на трофејот во Купот благодарение на триумфот од 0-1 од првиот дуел против Шкупи во Чаир. На денешниот реванш меч во Струмица, „пандевци“ ремизираа (1-1) со чаирчани.
Струга ТЛ, пак, ќе игра во полуфиналето откако славеше со 1-2 на гостувањето против Ренова. „Гипсарите“ дојдоа до предност со голот на Флоријан Кадриу во 23. минута, но Делиај постигна гол во 43. минута за израмнување, а во 83. минута следеше голот на стружани за пласман во четвртфиналето од Купот на Македонија.
КУП НА МАКЕДОНИЈА – ЧЕТВРТФИНАЛЕ (реванш натпревари)
Лабуништа – БРЕГАЛНИЦА 1-4 (0-1)
Работнички – ШКЕНДИЈА 2-2 (1-1)
Ренова – СТРУГА ТЛ 1-2 (0-0)
АК. ПАНДЕВ – Шкупи 1-1 (1-0)
* Во заградите се резултатите од првите натпревари

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Дашмир Елези: Одиме меч по меч, Македонија може многу во овие квалификации

Евро-фудбал
Наполи го пријави Елмас за ЛШ, но не и Лукаку

Интернационалци
Бојан Димоски потпиша за ТСЦ

Евро-фудбал
Њукасл замената за Исак ја доведе од Брентфорд

Евро-фудбал
Јуве го претстави Лоис Опенда
