Connect with us

Шкендија ги дозна можните ривали за следното коло во ЛШ и во ЛЕ: Селтик, Звезда, Бодо/Глимт…

Македонскиот првак Шкендија се подготвува за клучниот двомеч против Карабах, а денеска ги доби можните противници за плејоф фазата – и во Лигата на шампионите и во Лигата на Европа, зависно од исходот.

Ако тетовскиот тим го елиминира Карабах, во плејофот за ЛШ ќе игра против еден од следните носители:

  • Бодо/Глимт
  • Селтик
  • Победникот од Малме – Копенхаген
  • Победникот од Лех – Црвена Звезда
  • Победникот од Лудогорец – Ференцварош

Ждрепката за оваа фаза е закажана за 12:00 часот.

Доколку Шкендија не успее да го мине Карабах, ќе продолжи во плејофот за Лига Европа, каде потенцијални противници се:

  • Јанг Бојс
  • Поразениот од Лудогорец – Ференцварош
  • Поразениот од Малме – Копенхаген
  • Подобриот од Хамрун – Макаби Тел Авив

Ждрепката за Лига Европа ќе се одржи еден час подоцна – од 13:00 часот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови