Connect with us

Шампионот Сити загуби од Брајтон (ВИДЕО)

Пеп Гвардиола е комплетно фокусиран на финалето на Лигата на шампионите, па Манчестер Сити само го „одработува“ првенството во Премиер – лигата каде веќе ја осигура шампионската титула. „Граѓаните“ загубија на гостувањето против Брајтон со 3-2, откако речиси цел натпревар одиграа со фудбалер помалку. Жоао Кансело беше исклучен во десеттата минута од мечот.

Претходно, Гундоган отвори во корист на „граѓаните“ уште во втората минута, а Фил Фоден во 49.минута зголеми на 0-2. Но, Брајтон потоа направи комплетен пресврт.

Леандро Тросар и Адам Вебстер се погрижија за израмнување, а Ден Брн во 76.минута го постигна победничкиот погодок.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови