Connect with us

Шахтјор Солигорск местел натпревари и поткупувал ривали: Исфрлен е од Европа и доби огромна казна

Белорускиот Шахтјор Салигорск е строго казнет од УЕФА затоа што е докажано дека учествувал во местење натпревари и поткуп на противници во сезоната 2021/2022. Комитетот за контрола, дисциплина и етички прашања на белорускиот фудбал спроведе истрага по што беше донесена оваа одлука.


Белорускиот клуб е казнет со 135.000 евра, а доби и огромна бодовна казна. Во тековниот шампионат му беа одземени 30 бода, а во следниот шампионат ќе му бидат одземени уште 20 бода. На клубот му беше одземена и титулата освоена минатата година. Клубот на тој начин беше исфрлен од Европа.


Дополнително, голем број играчи, судии и вработени во клубот добија финансиски казни и забрана за вршење на нивните работни задачи во период од 6 месеци до 5 години, во зависност од тежината на прекршокот кој им е докажан.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови