Connect with us

Севилја го победи Атлетико, Барса и Реал гледаат шанса за титулата (ВИДЕО)

Севилја му го нанесе третиот пораз на Атлетико Мадрид во Ла Лига оваа сезона и го направи супер- интересен финишот од првенството во Шпанија. Тимот од Андалузија славеше со 1-0, со голот на Маркос Акуња во 70.минута, па сега предноста на Атлетико Мадрид е достижна со само еден натпревар.

Во првиот дел, Севилја не искористи и пенал. Јан Облак го одбрани ударот на Лукас Окампос од белата точка во осмата минута од мечот.

Реал Мадрид во моментот има негатива oд три бода во однос на Атлетико Мадрид, а Барселона доколку утре го победи Валјадолид на „Камп Ноу“ ќе се доближи на само два бода до лидерот.

До крајот на шампионатот во Ла Лига остануваат уште девет кола.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови