
По разочарувачката сезона во која Севилја едвај обезбеди опстанок во Ла Лига, и тоа дури во последното коло, раководството на клубот одлучи дека е време за сериозни промени. Првата е ангажман на нов тренер.
Нов кормилар на андалузискиот клуб ќе биде Матијас Алмеида (51), досегашниот предводник на АЕК Атина, кој се очекува наскоро да потпише тригодишен договор.
Алмеида зад себе има богата играчка кариера, а како тренер се истакна уште со враќањето на Ривер Плата во аргентинската елита. Потоа ги предводеше Банфилд, мексиканската Гвадалахара – со која ги освои сите домашни титули и Конкакаф Лигата на шампионите – како и американскиот Сан Хозе. Во последните три години беше на кормилото на АЕК, со кој во првата сезона освои двојна круна.
За Алмеида, „Рамон Санчес Писхуан“ не е непозната адреса – во сезоната 1996/97 играше за Севилја како фудбалер.
Оваа промена доаѓа по нестабилен период за клубот – во последните три сезони, Севилја смени дури седум тренери. Последен кој седеше на клупата беше ветеранот Хоакин Капарос.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Андре Онана е нов голман на Трабзонспор

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски

Млади репрезентации
Влатко Колев го објави списокот на фудбалери за Македонија У17 против Кипар

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември
